More

    Амбасадорот Гир им подели „свидетелства“ на Ковачевски и на Џафери

    spot_img

    Амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир денеска на средба во Владата му го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски. Исто така денеска во Собранието амбасадорот Гир официјално му го предаде извештајот и на претседателот на Собранието Талат Џафери.

    На состанокот во Владата, на кој се дискутирало за Извештајот и за очекувањата за текот на евроинтеграцискиот процес на државата и нејзината подготвеност, присуствувале и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

    Како што се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, премиерот Ковачевски истакнал дека Владата останува со силна заложба за спроведување на реформските процеси и целосно усогласување на домашното со европското законодавство. Ковачевски посочил дека стратешка цел на Владата е Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија. Овој процес тој очекува да се финализира до 2030 година.

    Како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата со Гир покрај претседателот, присуствуваа и координаторите на пратеничките групи на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ, Арбер Адеми, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, пратеникот на Алијанса за Албанците Атнан Незири и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

    Претседателот Џафери, се посочува во соопштението, ја потенцираше важноста од доследно спроведување на дело на декларираните евроинтеграциски цели отсликани во партиските програми на сите пратенички групи и претставници на политички партии претставени во Собранието.

    – На кратката средба го разгледавме делот кој се однесува на Собранието. Извештајот потврдува дека потребни се заеднички и брзи чекори од сите политички партии во Собранието, особено за реформскста агенда на ЕУ – објави Џафери на неговиот официјален фејсбук профил.

    Во наредниот период надлежните комисии на Собранието детално ќе го разгледаат Извештајот по што ќе се усвојат заклучоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img