Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби.
На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата”.
Во соопштението се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на празничниот период и поради постојаната закана со бомби низ Северна Македонија, граѓаните треба да бидат свесни за околината и во однос на кражбите.