Амалија Кнавс, мајката на поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, почина на 79-годишна возраст

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Амалија Кнавс, мајката на поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, почина на 79-годишна возраст. Сега од неа се прости и Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп.

„Длабоко сум тажна поради смртта на саканата мајка на Меланија, Амалија Кнавс, исклучителна жена која внесе неизмерна радост и љубов во животите на сите околу неа. Нејзиниот дух, сила и сочувство многу ќе ни недостигаат, но таа и понатаму ќе живее во срцата на сите оние чии животи толку длабоко ги допре. Почивај во мир Амалија – напиша Иванка.

Да потсетиме, тажната вест ја потврди и Мелани на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

– Со длабока тага соопштувам дека мојата сакана мајка Амалија почина. Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш се однесуваше грациозно, топлина и достоинство. Таа беше целосно посветена на сопругот, ќерките, внукот и зетот. Ќе ни недостига и ќе продолжиме да го почитуваме и сакаме нејзиното наследство – напиша Меланија.

Како што пренесува „Пејџ сикс“, Меланија била со својата мајка на Божиќ. Во тоа време, таа не се појавуваше на настани сопругот Доналд. Претходно извор за странските медиуми изјави дека Меланија ја нема на божиќната фотографија од семејството Трамп бидејќи била во болница во Мајами.

– Меланија отсекогаш била посветена на целото нејзино семејство. Не е изненадување што таа го поминала Божиќ со својата болна мајка – рекол тогаш.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article