Амал Клуни воодушеви со новата фризура

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Адвокатката за човекови права Амал Клуни (44) и поубавата половина на шармантниот актер Џорџ Клуни, го освежи својот изглед со нова нијанса на коса. Коментарите за малата, но многу ефектна промена се нижат – пофалба до пофалба! Се чини дека таа навистина ја воодушеви јавноста со овој потег.

Имено, таа својата густа темна коса ја прошара со неколку посветли прамени и покажа дека зимата не е резервирана само за потемни тонови. Во објавата која нејзиниот фризер Димитрис ја постави на социјалните мрежи се гледа дека бринетата сега изгледа уште поубаво и помладо.

Амал својата нова фризура ја прошета синоќа на доделувањето на годишните награди во Центарот Кенеди во Вашингтон. Таа се појави со Клуни во никогаш поелегантно издание. Раскошен црвен фустан кој на феноменален начин ја истакна нејзината фигура. А актерот, пак, избра класичен црн костум со бела кошула и црна машна.

Сепак, целото внимание го украде адвокатката во спектакуларна тоалета, која и направи мала мака при позирањето на црвениот тепих поради долгиот капут. Затоа Џорџ доби шанса уште еднаш да покаже колку е „мангуп“.

Оваа убавица додека позираше за присутните фоторепортери се заплетка, а бидејќи е многу долг фустанот, не можела да направи ништо. Но, Клуни решил да биде нејзин стилист на една минута и преку неколку движења и дозволил на дело да го демонстрира целиот свој гламур.

Share This Article