Ненадеен отказ во петокот му беше доделен на првиот човек на компанијата ОпенАИ која го развива ЧатГПТ, еден од водечките модели за вештачка интелигенција. Уште се одмотува клопчето зошто милијардерот Сем Алтман наеднаш беше „шутнат“, а она што е познато дека тој со широки раце беше пречекан во компанијата Мајкрософт.
Неговата задача на извршен директор засега ја врши 34-годишната Мира Мурати, која била родена во Валона, во Албанија во 1988 година. Мира има импресивна и интригантна биографија, а она што е познато дека за таа да биде на чело навивал и главниот научник во ОпенАИ, Илија Сутскевер, раководителот на бордот на директори.
Од една страна, Сем Алтман си заминува од ОпенАИ налик на Стив Џобс од Епл, но од друга страна, судбината на вештачката интелигенција доаѓа во рацете на жена?
Дали тоа значи дека сега попаметно ќе го развиваме она што Алтман, но и Илон Маск и други челници на индустријата го нарекоа „дигитален бог“? Она што засега е познато е дека Алтман бил опуштен со образложениет дека „не бил постојано искрен во своите комуникации“.
Самиот Алтман во неделата објави слика на која носи значка од компанијата, велејќи дека тоа ќе му биде прв и последен пат. Тоа де факто значи дека Мира во моментов ќе управува. А истовремено, Алтман немаше свои акции во компанијата. Но, работите се неизвесни. Одборот на директори преговарал за враќање на Алтман сметајќи дека Мира „не е трајно решение“.
Што мисли компанијата за Мира, која во моментов е привремена директорка? Во соопштението во петокот, компанијата рече дека Мира носи „уникатен сет на вештини, разбирање на вредностите, оперативниот дел и деловното работење на компанијата, а веќе води истражувања, развој на производи и безбедносни функции на компанијата”.
Мира е клучната личност која ги надгледува производите на компанијата – ЧатГПТ и Далл-Е. Таа помогнала во обликувњето на политиката за тоа какава ќе биде вештачката интелигенција. Њујорк Тајмс пишува дека поранешните вработени многу ја фалат.
Претходно работела во Тесла на еден од моделите на Илон Маск, моделот Икс. Таа го разви и „Lip Motion“, компанија која разви софтвер за следење на движење на прстите кај луѓето. Како студентка по машинство склопила сопствен хибриден тркачки автомобил, работела во воздухопловстовото, но и во развој на виртуелната реалност. Студирала и менаџмент.
– Ако градите интелигенција, тоа е толку клучна единица на универзумот што влијае врз сè. Што може да биде поинспиративно од подигањето и зголемувањето на колективната интелигенција на човештвото? – порача таа во август на една конференција одржана во Силиконската долина.
„Таа има докажана способност во составување на тимови со техничка експертиза, комерцијална вештина и со длабоко почитување кон важноста на мисијата. Како резултат на тоа, Мира помогна во градбата на некои од највозбудливите технологии базирани на вештачка интелигенција што некогаш сме ги виделе“, напиша извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела во написот за Мира објавен од магазинот Тајм.
Во меѓувреме, Алтман изјави дека неговото отпуштање е „чудно искуство“ и „како да читаш сопствена пофалба додека си жив“.