More

    Алпинист од Непал по 28-ми пат го достигна врвот на Еверест

    spot_img

    Непалскиот планинар Ками Рита, познат како „човекот од Еверест“, денеска по 28-ми пат го освои врвот на таа планина на Хималаите, соборувајќи го сопствениот рекорд.

    „Ками Рита утрово по втор пат (за една недела) го достигна врвот на Еверест. Му е 28-ми пат“, соопштија организаторите на експедицијата.

    Непалецот Пасанг Дава (46) во понеделникот го израмни претходниот рекорд на Ками Рита, достигнувајќи го врвот Еверест, кој се искачува на 8.849 метри, по 27-ми пат.

    И двајцата сезонава двапати се искачија на покривот на светот.

    Ками Рита своето прво искачување го направи во 1994 година, кога имаше 24 години.

    Оттогаш речиси секоја година го освојува врвот на Еверест.

    Откако Едмунд Хилари и неговиот водич Тензинг Норгај го освоија покривот на светот за прв пат во 1953 година, неколку илјади алпинисти се искачија на Монт Еверест, додека неколку стотици од нив загинаа за време на искачувањето или спуштањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img