На последниот ден од фестивалот EXIT на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, според организаторите, ќе настапат Алок, Артбат, Монолинк, Сатори, Сепултура, Марки Рамон и многу други.EXIT портите се отвораат секој ден во 19:00 часот и се затвораат во 03:00 часот, по што не може да се влезе во Тврдината.
Поради огромната гужва, организаторите апелираа посетителите рано да дојдат на фестивалот, за да се избегнат гужви пред портите.
Во текот на една вечер посетителите можат да влезат на фестивалот само еднаш, а должни се секогаш со себе да имаат некои лични документи.
Покрај фестивалското обезбедување, влезовите ги контролира и полицијата, за да се избегне внесување на забранети предмети и супстанци на фестивалот.
EXIT беше отворен на 7 јули, а според најавите на организаторите, Петроварадинската тврдина се очекува за време на фестивалот да ја посетат околу 200.000 млади луѓе од повеќе од 100 земји.