Младиот шпански тениски ас кој двапати го победи Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, Карлос Алкараз, важи за многу скромен и води многу затскриен живот. Сè си има подредено на кариерата, а девојките во моментов не се премногу заинтересирани за него…
– Кога ќе се вратам дома заборавам дека сум професионален тенисер. Доаѓам како сосема нормално момче. Пари? Моите родители се справуваат со тоа. Ако треба да си купам опрема за голф, тоа е сосема нормално. Но, јас се уште се борам со нив да ми дозволат да купам автомобил – изјави Алкараз.
Тој призна дека немал партнерка 18 месеци, бидејќи не можел да ги балансира работните обврски со приватниот живот, а поради патувањата најчесто се случуваат раскинувања. Поради тоа посетувал психолог и не се срами тоа да го каже.