Честитки за Карлос Алкараз по неговата титула на Вимблдон стигнуваа од сите страни, а додека тој се шеташе низ просториите на централниот терен во „Ол Ингланд Клаб“ налета на дел од семејството на Новак Ѓоковиќ.
Токму симпатичниот наследник на српскиот ас го украде шоуто на Вимблдон по мечот. Стефан покажа дека веќе има вистински спортски манири. По церемонијата, тој во коридорот му пријде на новиот шампион на Вимблдон Карлос Алкараз и му честиташе за првата титула на Централниот терен.
Нивната симпатична средба предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.
Шпанецот застана и се поздрави со синот на Новак и размени неколку реченици.
Во ходникот беше и агентот на Новак, Едоардо Арталди, дури и познатиот холивудски актер Хју Џекмен и на крајот сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ, која срдечно и со широка насмевка на лицето му го честиташе подвигот и победата на Вимблдон.
Ѓоковиќ и Алкараз се големи ривали на теренот, но надвор од него се полни со почит и се ценат еден со друг.
Моментот од средбата на Алкараз со синот и сопругата на Ѓоковиќ може да го погледнете во 8 минута од видеото.