Во градинките во општина Кисела Вода денеска беа доставени 1500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата, донација од Алкалоид АД Скопје.
Сирупите, како што соопштија од општината, ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент за поддржување на детскиот раст и развој.
Еден дел од мутивитаминските сирупи беа доделени на семејства со деца кои се во социјален ризик. Се работи за производ „Бекутан“, кој содржи девет витамини, кој делува како превентивен препарат за заштита на здравјето на децата.
– Грижата за децата и нивната здравствена заштита, останува да биде во преден план на функционирањето на Оштина Кисела Вода. Проектите, каков што е денешниот, се значен сегмент од постигнувањето на ваквите цели – информираат од општината и се заблагодаруваат на компанијата Алкалоид АД Скопје, која преку оваа донација уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност.