Им нема крај на шегите на македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Џани Алиоски. Без разлика дали игра во Англија, во Саудиска Арабија или во Турција, Џани е Џани!
Тој сега го носи дресот на турски Фенербахче, а очигледно добро се вклопил во тимот кога си дозволува шегите да ги изнесува и надвор од теренот, директно пред новинарите и камерите.
По победата на Фенербахче, додека Креспо даваше изјава, Џани помина и го искуба за коса.