Алијанса за Албанците го избра Таравари за свој нов лидер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Досегашниот вршител на должноста и поранешен потпретседател беше избран со гласовите на скоро сите делегати присутни на конгресот. По изборот тој најави дека политиките на партијата остануваат исти, а промена согласно денешните одлуки на конгресот има во партиските тела и функции.

– Политиките на партијата генерално ќе продолжат такви какви што се. Веќе од утре почнуваме со континуирана кампања додека се одржат следните избори. Кампања врата на врата, да ги отвориме вратите на партијата, да доближиме што повеќе луѓе, посебно интелектуалци кои ни се потребни за успешно функционирање на партијата. Професионализација на партијата. Ние почнуваме кампања без разлика дали ќе се одржат избори во 2023 или 2024 година. Ние ќе бидеме во продолжена или континуирана кампања врата на врата до следните избори – рече Таравари.

Согласно одлуките на Конгресот ќе се воведе функција претседател на Собранието на Алијанса за Албанците.

– Направиме одредени промени во статутот на партијата што беа увидени. Пример досега не беше предвидено во статутот што ќе се прави ако претседателот на партијата даде оставка. И една нова функција во партијата Претседател на Собранието на партијата. Направени се и одредени други промени во статутот на партијата за која што сметавме дека треба да бидат во правилник за функционирање, да се тргнат од статутот. Тоа го одлучивме едногласно. Мислам дека немаше поголема дебата, имаше согласност од повеќето делегати на Конгресот. Донесовме еден кодекс за однесување во партијата, кој што мислиме дека недостига за однесувањето на повеќето членови, па и функционери на партијата – изјави Таравари.

Share This Article