More

    Алибаба најави инвестиција од две милијарди долари во Турција

    spot_img

    Кинескиот гигант за е-трговија Алибаба планира да инвестира 2 милијарди долари во Турција, најавувајќи изградба на центар за податоци и логистика во Анкара и формирање на оддел за извоз на аеродромот во Истанбул.

    Инвестицијата ја најави претседателот на групата, Мајкл Еванс, на средба со турскиот претседател Таип Ердоган, се вели во соопштението за печатот од турскиот огранок на Алибаба. Временската рамка на инвестицијата не е наведена.

    Алибаба веќе има инвестирано 1,4 милијарди долари во Турција преку нејзината подружница Трендиол, која е меѓу најпознатите онлајн продавници во Турција, рече Еванс, се вели во соопштението.

    Трендиол, чиј претседател Чаглајан Четин, исто така, се состана со Ердоган, рече дека Еванс ги наведе деталите за новите инвестиции, како што е изградбата на податочен и логистички центар во Анкара и формирањето на извозен центар на аеродромот во Истанбул.

    Ердоган моментално е во САД каде во понеделник започнува 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img