Али Ахмети се надева дека во јуни Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети се надева дека во јуни Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ. Одговорајќи на новинарско прашање кој е планот Б ако не се добие датум во јуни, Ахмети денеска изјави дека тој не е од кампот на скептичните и оти се надева дека ова прашања ќе добие позитивен епилог.

– Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални. Очекувам епилогот да биде позитивен – изјави Ахмети, при учеството на промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во Општина Чаир.

Share This Article