More

    Алесандро Егер ги освои сите на Филмскиот фестивал во Венеција

    spot_img

    Алесандро Егер, српски манекен кој се преселил во Италија, се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги воодушевил присутните.

     

    Ако не ви текнува веднаш кој е Алесандро Егер (31), ќе ве потсетиме дека станува збор за популарното момче од чоколадите „Киндер“. Алесандро се прослави како дете за рекламите за чоколадата „Киндер“, чија фотографија не се менуваше долги години.

    Со семејството се преселил во Италија, а денес успешно ја гради филмската и музичката кариера, што ја докажува и улогата во филмот „House of Gucci“ и серијата „The Band“.

    Така овојпат тој се појави на 79. Филмски фестивал во Венеција, со својата поубава половина – манекенката Мадалина Дорофтеи.

    Популарниот пар секогаш знае како да заблеска, а познато е и дека се редовни гости на престижните фестивали ширум Европа.

     

    Алесандро се појавил во елегантно издание – посебно скроен син костум, во панталони кои ги краси еден од главните машки трендови – кратки ногавици.

    Сепак, најголемо внимание привлекле необичните чевли, односно лакираните мокасини кои направиле целокупниот стајлинг да изгледа шик!

    Мадалина исто така изгледала светски. Таа се определила за жолт фустан со златни светки и длабоко деколте. Целиот изглед го надополнила со накит и едноставни сандали, па нема сомнеж колку внимание привлекле на црвениот тепих.

     

    Инаку, малкумина знаат дека Алесандро детството го поминал на Баново брдо.

    „Мајка ми е Србинка, а татко ми Италијанец. Детството го поминав на Баново брдо во Белград каде ме одгледа баба ми, бидејќи мајка ми поради работата главно престојуваше во Италија“, открил Алесандро во една прилика.

    Згодниот Алесандро имал прилика да го запознае поранешниот американски претседател Барак Обама, се дружел со поп-кралицата Мадона и актеркта Никол Кидман.

    Со својата девојка заедно работи за престижни модни куќи.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img