More

    Ален Исламовиќ во количка се појави на концертот на „Бијело дугме“

    spot_img

    Ален Исламовиќ и покрај повредата се појави на концертот на „Бијело дугме“ во Крагуевац, Србија. Имено, пејачот ја повредил Ахиловата тетива, поради што на концертот се појавил во инвалидска количка. Настапот го извел седејќи на стол.

    „Со скината Ахилова тетива и операција направена пред четири дена во Сомбор, пристигнав на концертот во Крагуевац на 28 јуни 2024 година за да ја прославам 50-годишнината од „Бијело дугме“, бидејќи не сакав да ја пропуштам таа прекрасна вечер. Крагуевац, благодарам, бевте фантастични“, објави тој на Фејсбук.

    Инаку, на Исламовиќ, тетивата му пукнала додека играл тенис.

     

    По сараевскиот концерт на „Бијело дугме“, Ален најави дека групата подготвува и нов албум. Тој беше гостин во поткастот „Soundtrack time“ на новинарот и уредник Амир Мисирлиќ по концертот во Сараево и откри дека на споменатиот албум треба да работат во септември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img