Една од причините за сегашниот низок рејтинг на СДСМ е бидејќи не го реализираше своето ветување од 2016 година, кога тогашниот лидер на партија Зоран Заев рече дека нема да влезе во коалиција со „криминалците и бандите“ од ДУИ, вели пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неделното интервју на РСЕ.
Тој вели дека после изборите „една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има“.
Николовски предупредува дека ко се оди на одвоени избори, постои голема можност да не успее да се избере претседател на државата.
На прашањето, ако се остварат најавите на власта дека за уставните измени ќе гласа дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дали раководството на партијата ќе поднесе оставка, Николовски истакна дека станува збор за празни приказни и дека уставни измени под бугарски диктат ни пред ни после избори нема да има и дека тоа е одамна затворено прашање.
За тоа дека уставните измени се дел од преговарачката рамка со ЕУ и ако дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт како ќе ја смени преговарачката рамка, Николовски истакна дека тоа се работи за кои треба да понесат одговорност овие коишто прифатиле ваков бугарски диктат.
– Затоа што ова е понижување за Македонија и ние секако сме спремни да разговараме за продолжување на европскиот пат на Македонија, но само доколку и Бугарија е спремна да направи чекори. Бугарија само треба да го испочитува она што е основен принцип на владеење на правото, а тоа е меѓу другото почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, којшто е највисок суд за човекови права во Европа, а таму има 14 пресуди коишто Бугарија не ги спроведува. Во моментов во процедура има уште 17 други процеси коишто исто така најверојатно ќе завршат со корист на Македонците во Бугарија. Бугарија досега нема спроведено ниту една – истакна партискиот потпретседател.
Николовски рече дека Македонија мора да добие јасни гаранции за својот многувековен идентитет, но исто така дека нема на следната станица да има повторно вето.
– Сите овие елементи треба да се склопат за Македонија да оди напред и евентуално да направи некаков чекор. Но, уставни измени под бугарски диктат се уцена и затоа ние не прифаќаме и тоа не се случи затоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави и не се изгласаа. Ова прашање заврши на 18 август – додаде Николовски во интервју за РСЕ.