Александар Николоски сведочел во Советот на Европа

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Раководство на ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време е под физичко следење, како и изложено на следење на комуникациите, тврди Александар Николовски, потпретседател на опозициската партија.

– Прислушувањето мора да престане. Физичкото следење мора да престане. Затоа што тоа не може да биде начин на кој се добиваат политички поени или начин на кој се става во подредена позиција опозицијата, затоа што власта ги злоупотребува овие системи. Еднаш засекогаш властите во Македонија мора да стави крај на злоупотребата на тајните служби, крај на опиеноста од моќта на тајните служби и да се фокусираат кон демократско владеење – смета Николоски.

За ова тој говорел во дебатата на Комисија за правни прашања и човекови права на Советот на Европа. Една од главните теми е злоупотребата на системите за преслушување како и нелегалното физичко следење. Се зборува за злоупотребата на преслушувањето со цел нелегално следење на политички активисти, опозициони лидери, новинари, активисти на невладини организации и сите оние кои што властите сметаат дека се закана за нивна тоталитарно власт.

Николоски на сесијата потенцирал дека ваква злоупотреба има и во Македонија од страна на власта на СДСМ.

– Она што го напоменав во рамкитe на сесијата е дека ваква злоупотреба има и во Македонија. Веќе подолг период раководството на ВМРО-ДПМНЕ е под физичко следење, а исто така и под следење на комуникациите. За ова неколку пати алармиравме во јавноста, но не се преземени соодветни чекори – додаде тој.

Николоски смета дека преслушувањето мора да престане и власта, наместо да ги злоупотребува тајните служби за ставање во подредена позиција опозицијата, да се насочи и фокусира кон демократското владеење.

– На мое барање, состојбата со злоупотребата на следењето во Македонија ќе биде внесена во извештајот којшто треба да биде усвоен во рамки на јануарската сесија на Советот на Европа. Извештајот предвидува јасни мерки и чекори коишто треба да ги преземат земјите членки во Советот на Европа, со цел да престане  нелегалното преслушување. Исто така, предвидени се и казнени мерки, доколку земјите не ги имплементираат овие чекори – рече Николоски.

Share This Article