Александар Николоски пред Советот на Европа за кршењето на правата на Македонците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарија одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, поврзани со почитување јазичните и културните права на Македонците во оваа земја, и со тоа ги лишува од основните човекови права оние граѓани на Бугарија кои се декларираат како Македонци – рече потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето обраќање пред Советот на Европа во Стразбур.

– Во овој момент има шеснаесет пресуди или одлуки на Европскиот суд за човекови права кои не се спроведуваат во Бугарија. Шеснаесет не се спроведуваат, не една, не две туку шеснаесет пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права не се спроведуваат!

Овие пресуди, овие одлуки се поврзани со правото на самоидентификација, со правото на собирање и здружување, со правото на учество на избори, со правото на учење на мајчин јазик и со правото на заштита на националниот интерес во културата. Овие одлуки се носат овде во Стразбур, Софија одбива да ги спроведе и со тоа ги лишува основните човекови права на граѓаните на Бугарија кои се декларираат како Македонци – рече Николоски.

Тој нагласи дека вакво нешто што не треба да се толерира зашто е лош пример за во 21. век.

– Европскиот суд за човекови права е еден од клучните елементи на Советот на Европа. Тоа е место каде што стотици илјади европски граѓани бараат правда. Мора да разговараме и мора да поставиме цврста агенда која ќе создаде ефикасен механизам што ќе ги натера земјите-членки да ги спроведат одлуките и пресудите на Европскиот суд за човекови права. Тоа е лош пример и за Советот на Европа, бидејќи луѓето дојдоа овде, дојдоа во Стразбур, беа во Европскиот суд за човекови права, бараа правда, тие ја добија правдата, но таа не се спроведува во нивната држава. Затоа мора да се создаде ефикасен механизам за спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права и да се дискутира на самитот во Рејкјавик – рече Николоски.

Share This Article