Албанскиот фудбалски сојуз постигна договор со бразилскиот селектор Силвињо.
48-годишниот стручњак ќе го наследи искусниот Едоард Реја, поранешниот тренер на Хајдук, кој во последните три и пол години ја водеше селекцијата на Албанија.
Поранешниот играч на Барселона и Манчестер Сити потпиша договор на година и пол, односно до крајот на ЕУРО 2024 година во Германија. Здружението има јасна цел, а тоа е пласман на ЕП. Во случај да го постигне ова, договорено е селекторот и неговиот стручен штаб да добијат значителни бонуси.
Зад себе има богато играчко искуство, играше за Барса и Сити, а тренерската кариера ја започна како помошник тренер во бразилски Крузеиро. Ја имаше и улогата на помошник тренер во фудбалската репрезентација на Бразил, по што доби можност на клупата на францускиот гигант, Лион.
Таму се задржа само 11 натпревари, а во февруари годинава ја презеде клупата на бразилски Коринтијанс.
Албанската фудбалска репрезентација во квалификациите за одење на Еврото е во групата Е со Чешка, Фарски Острови, Молдавија и Полска.