Албанскиот терорист Абдул Рахман Беља кој потекнува од Македонија, попознат како Калед ал Албани, е убиен во северна Сирија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Албанскиот терорист Абдул Рахман Беља кој потекнува од Македонија, попознат како Калед ал Албани, е убиен во северна Сирија. Tерористот бил убиен од снајперист на сириската арапска армија во провинцијата Идлиб.

Беља беше еден од командантите на албанската група, која се бореше против сириската војска на северот на земјата.

Беља пристигнал преку Турција во Сирија од Македонија во 2013 година и се приклучи на албанската група основана од Абу Катада ал-Албани.

Тој прво се борел за Исламската држава, а потоа пребегнал во оперативната група Хајат Тахрир ал-Шам, исламистичка група која била создадена со „ребрендирање“ на Ал Нусра.

Провинцијата Идлиб се наоѓа на северозапад од Сирија, и е последното големо засолниште на џихадистичките групи во Сирија.

 

 

 

Share This Article