Албанскиот премиер Еди Рама денеска го посети поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој веќе подолго време се наоѓа во притвор во Хаг.
Рама објави видео на Фејсбук каде се гледа како влегува во објектот каде е сместен Тачи во Хаг, осомничен за воени злосторства од страна на Специјалното обвинителство.
„ Хаг- во посета на претседателот Тачи“, пишува Рама.
Денеска Хашим Тачи, според албанските медиуми се изјаснил невин за повеќе нови обвиненија.