More

    Продолжува увозот на руски гас кој ќе се плаќа преку Гаспромбанка

    spot_img

    Германија и Катар не постигнаа договор за гасот. Проблем за потпишување на договорот за долгорочно снабдување на германските потрошувачи со течен природен гас (LNG), биле главните услови, особено времетраењето на договорот, пренесоа медиумите.

    Според еден од соговорниците на новинарите, Берлин и Доха разговараат за времетраењето на договорот и за заканата што доглорочниот договор би можел да преставува за целите на Германија за брза декарбонизација. Доха, пак, преговата за одредба со која би се ограничела насоката за испораките на течниот гас. Тоа, имено, ќе ја спречи Германија да го пренасочува гасот кон други делови на Европа, како што тоа го прави со рускиот гас кој го добива преку гасоводот Северен тек 1.

    Според другиот извор, испораките на LNG од Катар „не се очекуваат“ во блиска иднинина.

    Се очекува преговорите да продолжат месецов, но не е соопштен датумот.

    Германија по руската офанзива во Украина, следејќи ги западните сојузници, најави дека сака да постигне независност од руските енергенти. Но оваа земја во моментов повеќе од 50 отсто од своите потреби за земен гас ги покрива со увоз од Русија.

    Катар е најголем светски произведувач на течен гас, но неговиот извоз главно е ориентиран на поскапиот пазар во Азија каде што има и развиена LNG инфраструктура.

    Истовремено медиумите информираат дека германската компанија VNG  која врши увоз на гас во иднина ќе плаќа за руски гас преку Гаспромбанка и не очекува никакви проблеми при претворањето во рубљи.

    VNG, кој е во мнозинска сопственост на германскиот регионален снабдувач EnBW, објаснува дека сè е во согласност со санкциите и дека сè има за цел да обезбеди снабдување и економска стабилност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img