More

    Албанскиот премиер Еди Рама пристигна во Скопје

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама предмалку слета на скопскиот аеродром каде што беше пречекан со највисоки државни почести.

    Вицепремиерот Артан Груби беше дел од тимот кој го пречека албанскиот премиер уште на пистата, додека премиерот Димитар Ковачевски го чекаше пред платото на Владата.

    Во моментов во тек е тет-а-тет средба на двајцата премиери, по што ќе следува билатерална средба на двете делегаци. По средбите, Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.

    Македонија е првата станица од дводневната балканска турнеја на Рама низ земјите од Западен Балкан.

    „Денешниот ден е уште една можност за отворен разговор во насока на зацврстување на соработката и добрососедските односи, особено во контекст на нашиот европски пат, што е секако значајно за просперитетот на двете земји и за граѓаните. Нашиот фокус е да градиме економски силни и безбедни држави“, напиша Ковачевски на Фејсбук по доаѓањето на албанскиот премиер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img