Албански министер изрази поддршка за Косово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Постојат „акутни закани по безбедноста и стабилноста кои доаѓаат надвор од Косово“, истакна албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, јави Топ чанел.

„Како што и на состанокот на Советот за безбедност на ОН, истакна постојаниот претставник на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, велам постојат акутни закани за безбедноста и стабилноста кои доаѓаат надвор од Косово. Не е доволно само да се осуди Бањска. Мораме да се погрижиме ова никогаш да не се повтори“ – напиша Хасани во објава на социјалните мрежи.
Тој уште еднаш го повтори ставот на Албанија за Косово.

„Стоиме на страната на Косово во спречувањето на каква било надворешна закана и Албанија ќе продолжи да ги советува косовските лидери за важноста од блиска координација со нејзините главни сојузници – истакнува Хасани.

фото: МИА

Share This Article