More

    Албанската полиција уапсила четири лица, откако била разоткриена нивната шема, според која шверцувале украдени автомобили од Северна Македонија и ги продавале за резервни делови во Албанија.

    spot_img

    Албанската полиција уапсила четири лица, откако била разоткриена нивната шема, според која шверцувале украдени автомобили од Северна Македонија и ги продавале за резервни делови во Албанија.

    Уапсени се македонскиот државјанин А.А.(44) жител на Струга и албанските државјани А.Р.(21) жител на село Рајца, Либражд, Л.Д.(19) и М.Х.(23) и двајцата од село Радокал, Поградец.

    – Четворицата соработувале и шверцувале моторни возила од Северна Македонија, ги дислоцирале на подрачјето на Струга, а потоа преку зелената граница, во атарот на селата Рајца-Шутај, кај Струга, ги пренесувале на албанска територија и ги демонтирале во градовите Елбасан или Тирана, за да ги продадат како резервни делови – се наведува во полициското соопштение.

    Се додава дека 22 јули, А.Р. илегално влегол од македонска на албанска територија со украден автомобил „мерцедес“, кој штом забележал дека го гонат полициските сили, го напуштил и го оставил возилото кај селото Радокал, Поградец.

    Продолжува истрагата за комплетирање на документацијата за криминалното дејствие на овие државјани во Северна Македонија и во Албанија, како и за идентификување и изведување пред лицето на правдата на другите лица вмешани во истата. Предметот е под надлежност на судот во Корча.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img