Албанската полиција соопшти дека на телото на деветгодишното девојче, кое синоќа било извлечено од реката Бојана во Скадар, не се пронајдени траги на малтретирање

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Албанската полиција соопшти дека на телото на деветгодишното девојче, кое синоќа било извлечено од реката Бојана во Скадар, не се пронајдени траги на малтретирање.

„Поради претходно изнесените информации за пронаоѓање на телото на деветгодишно дете во водите на реката Бојана, ве известуваме дека, според прелиминарното вештачење на телото, во присуство на вештаци од судска медицина, нема траги на насилство“, се наведува во полициското соопштение.

Се верува дека девојчето скокнало во реката заедно со нејзината мајка Алма А.(39), сестрата (8) и братот (4), наводно за да се спасат од нивниот татко насилник.

Алма и нејзините деца исчезнале на 2 мај, а нејзиниот сопруг Ергиз А.(31) дури следниот ден го пријавил нивното исчезнување.

Полицијата вчера го уапсила Ергиз поради сомнение дека ги малтретирал сопругата и децата.

Share This Article