More

    Албанија подготвена го чека летото

    spot_img

    Во Албанија отворени се 34 летни здравствени амбуланти за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области.

    Министерката за здравство и социјална заштита, Албана Кочи, на социјалните мрежи објави дека во амбулантите се ангажирани околу 300 лекари и медицински сестри.

    – Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за летувалците и туристите кои оваа летна сезона ќе ја посетат Албанија. На северот од земјата има 10 здравствени амбуланти, во централниот дел 9 и во јужнот дел уште 15. Одделението за итна помош стави на располагање 20 фиксни станици за брза помош на летувалците во туристичките места – вели Кочи.

    Медицинскиот персонал, како и изминатите години, гарантира 24/7 здравствена заштита и ќе функционираат до крајот на сезоната.

    Минатата година, земјата забележа рекордна посетеност од над 10 милиони туристи, што е 2,5 милиони туристи повеќе споредено со претходната година. Најбројни се косовските и македонските туристи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img