Албанија од увозник стана извозник на струја

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обилните и интензивни врнежи од дожд овозможија зголемено ниво на вештачките акумулации на каскадата на реката Дрим, а последователно на тоа и зголемено производство на електрична енергија.

Како резултат на тоа, во последните три дена албанската Електрокорпорација – КЕШ од продажба на струја инкасирала над 5 милиони евра.

КЕШ успеа да продаде 52.400 мегавати, со просечна цена од 100 евра за мегават.

Ова доаѓа по период од три  месеци, кога земјата на странскиот пазар потроши над 36 милиони евра за набавка на електрична енергија, за задоволување на потребите на потрошувачите.

Албанскиот енергетски систем во сегашната фаза останува зависен од увоз, поради што  работи на зголемување на производството, преку изградба на хидроцентралата „Скавица” на реката Дрим, во близина на албанско – македонската граница кај Дебар, како и изграба на соларни панели и паркови на ветерни електрани.

Со овие инвестиции се очекува Албанија да има доволно енергија за себе, па дури и да има корист од продажбата на странскиот пазар, почнувајќи од 2030 година.

Share This Article