Албанија ги започна преговорите, а Македонија е во чекалната на ЕУ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европскиот Совет ги отпочна преговорите со Албанија, а со Македонија е отпочна фазата на отворање на преговори. На официјалната веб страна на Европскиот Совет во делот на соопштенија од Советот, во две засебни соопштенија за меѓувладините конференции, помеѓу Албанија и Македонија со ЕУ се гледа кој почнува преговори, а кој ќе чека уште. Албанија почнува преговори, а Македонија уште е во чекална, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека за Македонија да ги почне преговорите треба да се бугаризира, и според ВМРО-ДПМНЕ,  тоа е директна вина на премиерот Димитар Ковачевски.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот. Пратениците на партијата нема да гласаат за промена на Уставот. Македонија мора да преговара со ЕУ под услови кои важеле за сите“, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Share This Article