More

    Ал Наср сака нови ѕвезди покрај Роналдо

    spot_img

    Шпанците Серхио Рамос и Серхио Бускетс, како и Вилфрид Заха се на мета на саудискиот клуб Ал Насра, за кој од почетокот на годината настапува Кристијано Роналдо.

    Откако го ангажираа славниот Португалец, Саудијците сакаат да донесат повеќе истакнати имиња на Блискиот Исток. Медиумите секојдневно наведуваат имиња на играчи со кои саудиските клубови се обидуваат да потпишат. Меѓу вторите се споменуваат Заха, Рамос и Бускетс.

    Заха влезе во последните месеци од договорот со Кристал Палас и одби повеќе понуди за продолжување на соработката. Тој е член на лондонскиот клуб од 2015 година, а играше и за Манчестер Јунајтед и Кардиф. Англиските медиуми пренесуваат дека за услугите на 30-годишниот офанзивец се заинтересирани Арсенал и Милан, но нивните понуди не можат да се поклопат со онаа која доаѓа од Саудиска Арабија.

    Се наведува дека Рамос ги разгледува и понудите за трансфер во Саудиска Арабија. Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува на крајот од оваа сезона. Рамос е во Париз од 2021 година, а претходно 16 години беше член на Реал Мадрид, а една сезона настапуваше и за првиот тим на Севиља.

    Со преселба на Блискиот Исток се поврзува и асот на Барселона, Серхио Бускетс, кој е главен во средниот ред на Каталонците од 2008 година, а договорот му истекува на 30 јуни. Неговиот тренер и поранешен соиграч Чави Ернандез истакна дека би сакал Бускетс да остане на Ноу Камп.

    Неодамна Мундо Депортиво објави дека Саудијците му нудат на Бускетс 18 милиони долари по сезона за двегодишен договор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img