САД ќе распоредат војска на израелско-либанската граница и ќе гарантираат дека Израел нема да врши воени операции на југот на Либан, поради тензиите во односите со либанското движење Хезболах, јави телевизијата „Ал Хадат“, повикувајќи се на неименувани извори. .
Според изворот, Израел сака Франција да ја следи ситуацијата на либанската страна на границата, додека САД ќе го сторат истото на израелската страна.
Израел, исто така, бара целото оружје од јужен Либан да им биде предадено на либанските вооружени сили.
Телевизијата објави дека е неминовен договор меѓу Израел и Хезболах.