More

    Актерот Остин Батлер 3 години не го видел семејството поради снимање на филмот

    spot_img

    Американскиот актер Остин Батлер откри за Варајети дека не го видел своето семејство 3 години додека се подготвувал за улогата на кралот на рокенролот во музичката драма „Елвис“.

    Батлер имал околу една и пол година да се подготви пред да почне снимањето на биографскиот филм на режисерот Баз Лурман.

    – Се подготвував со режисерот Баз Лурман, а потоа отпатував за Австралија на снимање. Со месеци не разговарав со никого. Размислував само за Елвис и цело време го имитирав. Бев фокусиран исклучиво на улогата. Дури и цело време зборував како него, па еднаш разговарав на ист начин на телефон со сестра ми, а таа ме праша што не е во ред со мене – рече тој.

    Филмот на Лурман го документира метеорскиот подем на Присли до суперѕвезда во 50-тите години и ја истражува сложената врска на музичката легенда со неговиот менаџер Том Паркер, кој го игра Том Хенкс.

    – Претходно не танцував и не пеев јавно бидејќи бев многу срамежлив –  призна тој, но рече дека е подготвен да направи се за филмот да биде успешен.
    Во таа намера успеа, бидејќи филмот „Елвис“ оствари профит од 276 милиони долари. Актерот додаде дека улогата на Елвис му помогнала да излезе од својата „комфорна зона“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img