Српската серија „Сабја“ веќе неколку недели привлекува огромно внимание во регионот.
Одличната актерска екипа на „Сабја“, предводена од Драган Миќановиќ, одлично ги доловила ликовите јавниот живот од пред 20 и повеќе години. Меѓу нив е и Срѓан Милетиќ.
Публиката го познава овој актер од сериите и филмовите, како што се „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“, „Седум ипол“, „Ќе се вратат штрковите“… Сепак, последниве години ретко сме го гледале.
Срѓан Милетиќ сега се врати во популарната телевизиска серија во која го игра поранешниот министер Душан Михајловиќ. Причината за неговото отсуство била од здравствен карактер. За ова, меѓу другото, зборувал во поткастот „Лоботомија“.
Како што изјавил, три години поминал по болници.
– Немав ниту здравствен картон кога почнав, повторно ги отворав сите картони. Секој ден имаше нешто бескрајно смешно, а ако и не беше смешно, јас ќе го искривев за да биде. Ниту еден момент не паднав со духот. Јас едноставно не сум таков тип.
Срѓан Милетиќ ги пофалил сите лекари кои ги запознал и ги потсетил дека работат исклучително тешка и одговорна работа.
На патот до излекувањето имал 11 операции.
– Ете, се извлеков. Не се плашам од смртта. Татко ми почина во моите раце кога имав 17 години. За што да зборувам кога имам повеќе од 50 години? Што има страшно во тоа? Кога ќе поминете низ страшни болки, сфаќате дека има и полоши работи од смртта.
– Има навистина полоши работи, како болка, на пример. Го претрпев невиденото, издржав рачна пункција на бутната коска. Тоа е кога ти ја дупчат коската со шраф, рачно. Тука нема анестезија. И ти потоа треба да се жалиш? Сè додека не боли, добро е – рекол Срѓан Милетиќ, кој двапати доживеал клиничка смрт.
– Нема ништо тука премногу важно и вредно за човек да се гордее. Смртта е единствената сигурна работа, па кога ќе дојде, доаѓа. И тоа не е ништо страшно. Нема никакви ангели, нема светлина. Едноставно нема струја. Се сеќавам на моментот кога снема струја и кога пак се вклучи. Помеѓу има само темнина. Нема болка. Порано боли, но самата смрт не е ништо. Кога ќе се разбудите, кога повторно ќе дојде струја, тогаш сте малку луди, околу три дена, затоа што клетките паметат дека сте умреле. Не си сосема сигурен каде си, потребно ти е време да го превртиш филмот – ова се зборовите со кои Милетиќ го раскажал своето несекојдневно искуство.