More

    Актерот награден за животно дело

    spot_img

    Тони Михајловски (1967), театарски и филмски актер кој над триесет години е дел од македонската театарска и филмска сцена, почитуван поради својот талент и посветеност на актерската уметност, добитник е на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година.

    Наградата ја доделуваат Народниот театар „Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и Општина Велес.

    Михајловски во Македонскиот народен театар е вработен од 1994 откако дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности- Скопје, па до 1999 година,

    Повторно е дел од актерскиот ансамбл на театарот од 2003 година, а во текот на 2015 година е и именуван за уметнички директор на овој театар.

    Првата улога во театар ја остварува во 1991 година во представата „Крик” во продукција на МНТ. Тони Михајловски е пред се актер, но и ТВ-водител, режисер и текстописец. Тој е еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и надвор од нашата домашна продукција.

    Од 2023 година Михајловски несебично ги пренесува своите актерски искуства на следните генерации млади кои имаат интерс, а и желба за актерство преку „Актерско студио Михајловски”.

    Добитник е на награда „Трајко Чоревски” за млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински во 1993 и 1994 година, на награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински”- Прилеп 2007 година, награда за актер за 1997 годона на „Златна Бубамара на популарноста”, награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински” за улогата на Петар Стефановски во представата „Будење на пролетта” во 2000 година, награда „Златна маска” на фестивалот Охридско лето за улогата на Пер Гинт во истоимената представа во 2001 година, награда за најдобар актер на фестивалот „Јоаким Интер Фест” во Крагуевац – Србија во 2010 година, награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински” за улогата на Ефрем Поплавски во представата „Вечна куќа” во 2013 година, како и наградата „13- ти Ноември“ на Град Скопје за 2022 година.

    Наградата „Петре Прличко“ на Михајловски ќе му биде врачена на отворањето на Фестивалот „5-ре“ на 20 март вечерта на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а во негова чест актерите од велешкиот театар премиерно ќе ја изведат претставата „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img