Актерот Марк Хамил активно ја финансира Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерот Марк Хамил, кој го играше Лук Скајвокер во култната научно-фантастична серија „Војна на ѕвездите“, откри дека само во последниот месец испратил повеќе од 500 дронови во Украина преку платформата за собирање средства „United24“. Во интервјуто во четвртокот за радиото Блумберг, актерот инсистираше на тоа дека на Украина ѝ треба оружје.

– Многу е едноставно: на Украина ѝ требаат беспилотни летала. Тие го дефинираат исходот од војната, ја штитат сопствената земја, својот народ, ја надгледуваат границата, тие се очите на небото – му рече Хамил на водителот Џо Матје, додавајќи дека платформата за собирање секоја недела му испраќала нови и нови информации за тоа до кај се со набавката на дроновите.

Познато е дека украинскиот претседател Володомир Зеленски е голем фан на филмовите „Војна на ѕвездите“.

Минатиот месец Хамил беше именуван за амбасадор на проектот „Армија на беспилотни летала“ на „Јунајтед24“. Проектот е една од неколкуте иницијативи за собирање средства со беспилотни летала што Украинците ги поставија за да го подобрат својот воздушен арсенал. Друг проект почнат претходно овој месец, собра 9,6 милиони долари за само 24 часа за да дронови-камикази.

Хамил е само една од низата холивудски ѕвезди кои ја искористија својата слава за да ѝ помогнат на Украина во војната против Русија. Претходно, Бенедикт Камбербач вети дека ќе обезбеди станови за бегалците, а Шон Пен отиде на состанок со Зеленски и рече дека размислува за „војување против Русија“.

Во меѓувреме, САД од почетокот на годинава ветија повеќе од 27 милијарди долари за воена помош за Украина.

Share This Article