Актерот консумирал дрога додека бил со 17-месечно бебе

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ѕвездата на „Пики Блајндерс“ (Peaky Blinders) Пол Андерсон бил фатен со крек кокаин во паб. Актерот оваа недела пред судот признал дека поседувал дрога.

Андерсон, кој го игра Артур Шелби во хит драмата на „Би-би-си“, бил со пријател и бебе на Ден на подароците кога полицијата пронашла дрога од класа А и луле кое се користело за пушење.

Оваа недела пред судот тој признал дека поседувал дрога, амфетамин од класа Б и две супстанции од класа Ц на рецепт.

Креаторите на шоуто, во кое глуми неодамнешниот кандидат за „Оскар“, Клијан Марфи, моментално развиваат долгометражен филм за бандата од Бирмингем, но обвинувањето на Андерсон може да има „значително влијание врз филмот“, изјавил извор за „Дејли меил“.

Андерсон бил фатен откако гостин во пабот му рекол на менаџерот дека чувствува мирис од испарување на крек кој доаѓа од тоалетот за инвалиди, по заминувањето на актерот.

Менаџерот на пабот повикал полиција, која го во близина го пронашла „пијаниот“ Андерсон заедно со извесно момче и 17-месечно бебе, соопштил судот.

Актерот бил одведен во полициската станица каде полицајците пронашле крек кокаин, обвивка од кафеав прав за која била откриено дека содржи амфетамин, дијазепам и прегабалин, зборувал обвинителот Кевин Кендриџ.

Го препознавате ли девојчето од фотографијата? Денес е една од најуспешните манекенки на светот

Кристофер Нолан за новата хумористична серија со Ема Стоун: „Никогаш не сум видел такво нешто“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article