More

    Актерот имал повеќе од милион долари во лични средства кога починал

    spot_img

    Се објави тестаментот на актерот и комичарот Метју Пери. Според документите до коишто дошло списанието „Пипл“ (People), тој го оставил „поголемиот дел од своите работи“ на неговата фондација „Алви Сингер ливинг траст“, која го носи името на главниот лик од филмот на Вуди Ален „Ени Хол“ од 1977 година.

    Татко му Џон Пери, мајка му Сузан Морисон, полусестрата Кејтлин Морисон и поранешната девојка Рејчел Дан се именувани како корисници на фондацијата. Пери имал повеќе од милион долари во лични средства кога умрел. Тој милион долари не е ограничен само на накит, мебел, уметнички дела и на автомобили.

    Метју го составил тестаментот во 2009 година, а во него посочува дека децата, кои можеби ќе ги има по 2009 година, нема да имаат  право на неговото богатство, но актерот немаше деца.

    Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година во својот дом во Лос Анџелес. Имаше 54 години. Аутопсијата подоцна утврди дека актерот починал поради акутни ефекти на дрогата кетамин и од давење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img