More

    Актерот Џони Деп пристигна во Париз, глуми позната историска личност

    spot_img

    Неколку недели откако ја доби тужбата за клевета што ја поднесе против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Џони Деп се врати на снимањето на филмови. Актерот беше фотографиран минатиот викенд во Париз, каде ќе го снима својот нов филм со познатата француска режисерка Мајвен.

    Џони Деп ќе го игра познатиот француски крал Луј XV. „Варајети“ претходно напиша дека снимањето на филмот ќе започне летово во околината на Париз, пред сѐ, во Версајската палата и ќе трае три месеци.

    Според пишувањата на медиумите, режисерката Мајвен (46) исто така ќе глуми со Деп во улогата на грофицата Жана ду Бари, последната љубовница на Луј XV.

    Џони по судењето изјави дека „животот му се вратил“ и дека за него „најдоброто допрва доаѓа“.

    Инсајдер од филмската индустрија за „Пипл“ изјави дека Деп ќе ја добие својата шанса.

    – Тој е многу симпатичен и многу талентиран. Студиото едноставно ќе мора да процени и да види дека вреди да се ризикува. Со тоа тој доби сосема нова база на фанови и, да, ќе се врати – изјави упатениот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img