More

    Џенифер Лопез го прослави својот 53-ти роденден и уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка

    spot_img

    Пејачката и актерка Џенифер Лопез го прослави својот 53-ти роденден и уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка.

    По тој повод, таа започна и нова кампања за својот бренд „J.Lo Body“ во која целосно се соблече, а видеото го објави на својот Инстаграм.

    Освен својот  „роденденскиот костум“, Лопез во новата кампања носи и предизвикувачки костим за капење со танга, во кој го откри својот славен задник кој наводно го осигурала на 27 милиони долари, а видеото брзо собра стотици илјади лајкови.

     

    Инаку, Џенифер пред една недела се омажи за Бен Афлек во Лас Вегас, по што заминаа на романтичен меден месец во Париз.

    Двојката требаше да се венча во септември 2003 година, но венчавката ја одложија само неколку дена пред церемонијата. Тие на крајот ја прекинаа свршувачката во јануари 2004 година и раскинаа.

    Тие повторно почнаа да се забавуваат во средината на 2021 година, а се свршија во април оваа година.

    Лопез зад себе има три пропаднати бракови, а со пејачот Марк Ентони ги има 14-годишните близнаци Ема Марибел Муниз и Максимилијан Дејвид Муниз.

    Ова е втор брак на Бен, откако во 2018 година се разведе од актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, 16-годишната ќерка Виолет, 13-годишната Серафина и 10-годишниот син Самуел.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img