More

    Актерот Џејми Фокс беше хоспитализиран пред две недели поради итен медицински случај и се уште е во болница

    spot_img

    Актерот Џејми Фокс беше хоспитализиран пред две недели поради итен медицински случај и се уште е во болница. Извор близок до актерот откри за „Радар онлајн“ дека Фокс не реагирал некое време и дека лекарите во еден момент морале да го оживувваат.

    Изворот открил дека актерот има висок крвен притисок и дека за неговиот проблем директно придонел стресот кој го чувствувал тој ден. Тој исто така открил дека лекарите рекле дека Фокс може да биде среќен што е жив.

    „Џејми претрпе сериозна медицинска епизода и му требаше итна помош. Тој беше во неизвесност со денови и мораше да биде реанимиран. Многу е среќен што е жив“, открил изворот.

    „Џејми страда од висок крвен притисок, за кој лекарите велат дека може да предизвика згрутчувања во мозокот, што доведува до мозочен удар. Лекарите веруваат дека ова се подготвувало веќе некое време, а ако не дејствувале брзо, Џејми можел да умре“, додал тој.

    Да потсетиме, Фокс тогаш ја снимаше акционата комедија на Нетфликс „Враќање во акција“ во Атланта со Камерон Дијаз, а извор тврди дека актерот се однесувал проблематично за време на снимањето.

    „Не беше забавно да се биде во негова близина, особено за Камерон. Но сега се чини дека постои добра причина за тоа“, објаснил тој.

    Тој бил оптоварен од тоа што актерката го привлекува целото внимание, а извор запознат со снимањето откри: „Мислите дека тој би бил воодушевен да ја убеди да глуми во неговиот филм. Но, тој мрази таа да биде во центарот на вниманието“.

    Според упатените, актерот сега е целосно буден и реагира и се очекува целосно да закрепне. Додека тој закрепнува, филмот на Нетфликс продолжува да се снима, а продукцијата во сцените користи негов двојник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img