Актерот Брус Вилис (67) наводно го променил тестаментот неколку дена откако дознал дека има афазија.
Неговото богатство од 250 милиони долари ќе оди кај неговото семејство.
Според пишувањата на „Радар оналајн“, по еден милион долари ќе им остави на ќерките Румер (34), Скаут (31) и Талула (28), кои ги има со Деми Мур.. Изворот открил дека најголемиот дел од парите ќе одат за неговата сегашна сопруга Ема и нивните ќерки Мејбел (10) и Евелин (8).
„Брус сака да се погрижи неговите најмали деца да се финансиски безбедни. Тој верува дека на Румер, Скаут и Талула ништо нема да им недостига. Брус прво го промени тестаментот во 2009 година, откако се ожени со Ема, а потоа неколку месеци по раѓањето на нивните деца, а потоа повторно кога дознал дека има сериозни здравствени проблеми“, додал изворот.
Актерот исто така верува дека Деми, чие богатство се проценува на 200 милиони долари, секогаш ќе биде тука за Румер, Скаут и Талула.