More

    Aктерот Алек Болдвин, сепак, би можело да биде обвинет за убиство од небрежност на снимањето на филмот „Рѓа“

    spot_img

    Aктерот Алек Болдвин, сепак, би можело да биде обвинет за убиство од небрежност на снимањето на филмот „Рѓа“ (Rust), велат судски извори по објавувањето на новиот форензички извештај, објавуваат американски медиуми.

    Според новиот извештај Болдвин сепак го повлекол чкрапалото на револверот што ја уби снимателката Халина Хачинс во 2021 година, што е спротивно на тврдењата на актерот.

    Инаку, обвиненијата за убиство од небрежност беа отфрлени во април, бидејќи обвинителите го истражуваа неговото тврдење дека револверот што го држел Болдвин за време на пробата излетал без тој да го повлече чкрапалото, убивајќи ја Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.

    – Иако Алек Болдвин негира дека го повлекол чкрапалото, имајќи ги предвид тестовите, наодите и набљудувањата пријавени овде, чкрапалото мора да е повлечено или притиснато доволно за да го ослободи целосно повлечениот или затегнат чекан на доказниот револвер – велат експертите за огнено оружје Лусиен Хаг и Мајк Хаг.

    Во извештајот, исто така, се наведува дека инцидентот е резултат на рачно повлекување на таканаречениот чекан во целосно затегната положба, проследено во одреден момент со повлекување или притискање на чкрапалото назад.

    За потсетување, актерот Болдвин во декември 2021 година изјави дека не го повлекол чкрапалото и дека никогаш нема да впери пиштол кон некого. Актерот, наводно, вежбал вкрстено извлекување кога пиштолот пукнал, погодувајќи ги снимателката Хачинс и режисерот Џоел Соуза, кој се здоби со повреди кои не се опасни по живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img