Актерката оди по работ на зграда и зборува сама со себе

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ѕвездата од „Династија“ и „Мелроуз плејс“, Хедер Локлир (61), беше една од најубавите актерка во Холивуд. Сепак, последните неколку години таа изгледа непрепознатливо поради бројните естетски зафати, а и повеќепати се лекуваше од зависности.

Вчера осамнаа снимки од Локлир, на кои е снимена на работ на една од зградите во Малибу, Калифорнија. Некогаш најубавата актерка во Холивуд е видена како чудно се однесува низ улиците, а „Дејли мејл“ пренесе дека се качила на зградата по состанокот со свршеникот и поранешен тркач на мотори Крис Хајзер.

По еден час таа излегла од зградата и одела по работ на деловната зграда со апостолки, држејќи се за столбовите.

Потоа, Хедер седнала на скалите и почнала да зборува сама со себе, правејќи чудни гестови.

Локлир, која била облечена во војнички тренирки и маичка, извесно време седела и читала од нејзиниот нотес, зборувајќи си сама со себе.

На видеото се гледа како актерката изгледа збунето и налутено покажува кон нешто напишано во нотесот и анимирано гестикулира пред цврсто да го турне назад во својата чанта.

За потсетување, актерката долг период имаше и проблеми со алкохолот и одењето на рехабилитација. За целиот тој период Крис и ќерка ѝ Ава и беа најголемите поддржувачи во борбата со зависноста.

- Advertisement -
Ad image

Имаше проблеми и со насилство предизвикано од алкохол, а во 2018 година се степа со Крис, па што интервенираше и полицијата. Им се закануваше и на полицајците дека ќе ги нападне со оружјето што го чува во куќата, но брзо било утврдено дека истто го нема.

Ја нападна и мајка си додека била во пијана состојба, а возела и под дејство на алкохол, поради што била приведена. Освен алкохол, некои се сомневаат дека користела и дрога.

Најпозната е по улогата на Семи Џо Карингтон во сапунската опера „Династија“, која се емитуваше во 80-тите.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article