„Во текот на пандемијата можев да ги видам сивите корени како ми стојат на лицето, кожата и очите и ми се допадна“, рекла актерката Енди Мекдауел (64) во јуни кога пристигна на премиерата на филмот во Њујорк со природна, седа боја на косата. Сега тоа го повтори и на ревијата на Модната недела во Париз, каде прошета по пистата и ги воодушеви сите со својот изглед.
Енди уште еднаш ја покажа природно седата коса на пистата и ги воодушеви гостите. Таа носеше фустан со светки со бели пердуви кој имаше длабок шлиц на ногата. На актерката во еден момент на пистата ѝ се придружи и нејзината колешка Ева Лонгорија (47).
Ревијата во која се појавија актерките ја организираше француската козметичка групација „Л’Ореал“.
За потсетување, Мекдауел престана да ги бојадисува своите кадрици во 2021 година.
– Чувствував дека ќе бидам посреќна. И посреќна сум. Многу ми се допаѓа – прокоментира претходно таа.
– Имам 64 години и ова е време од мојот живот. На крајот ќе бидам седа и сакав да го доживеам ова искуство и да се чувствувам онаква каква што навистина сум – додала таа и открила дека нејзината постара сестра ја инспирирала да го направи тоа.
ФОТО: Инстаграм