Актерката Меган Фокс (38) потврди дека е бремена, по шпекулациите кои започнаа кон крајот на јули.
Таа го очекува своето прво дете со раперот Машин Ган Кели, со кој ја раскина свршувачката на крајот на март, но на љубовта и дадоа уште една шанса, а трудничкиот стомак го покажа на социјалните мрежи.
„Никогаш ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад“, напиша Меган покрај фотографиите. На едната фотографија позира гола и е покриена со црна боја, а на другата покажува позитивен тест за бременост. Претходно Меган откри дека имала спонтан абортус.
Ова е нејзината прва фотографија на мрежите по долго време, откако претходно ги избриша сите фотографии. Сега е јасно зошто.
Откако објави дека е бремена, од сите страни пристигнуваат честитки и поддршка до убавата актерка.
Инаку, Меган има три деца, Ноа, Боди и Џорни, со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, актерот познат по улогата во хит серијата „Беверли Хилс“, но малкумина знаат дека Машин Кели има и ќерка.
Инаку, актерката Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели започнаа врска на почетокот на 2020 година, а се свршија во јануари 2022. Од самиот почеток привлекоа големо внимание со своето ексцентрично однесување.