Актерите Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го очекуваат четвртото дете

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерите Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го очекуваат четвртото дете, пишува магазинот „Пипл“.

Американските медиуми пренесуваат дека 35-годишната Лајвли се појавила на „Форбс моќниот женски самит“, каде што го истакнала трудничкиот стомак во мини светкав фустан со долги ракави.

 

Славната двојка се уште официјално не се огласила за бременоста.

Блејк и Рајан веќе имаат три ќерки – Џејмс (7), Инез (5) и Бети (2).

 

Блејк и Рајан не кријат колку им е важен семејниот живот и колку сакаат на своите деца да им пружат нормално детство.

- Advertisement -
Ad image

– Сакам моите деца да имаат нормален дневен распоред. Многупати кога Блејк снима, јас сум со децата и обратно. Така правиме компромиси. Никогаш всушно не сме работеле во исто време –  открил Рајан во едно интервју.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Парот се запозна во 2010 година додека заедно работеа на филмот „Green Lantern“. Се венчаа во 2012 година.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article