Западните земји ќе го соборат украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неуспехот на вооружените сили на Украина и неможноста да победат во конфликтот со Русија, пишува поранешниот помошник заменик секретар за одбрана на САД, Стивен Брајан, во напис за „Азија тајмс“.
– Или Зеленски ќе биде принуден да одржи претседателски избори закажани за март следната година, а потоа ќе биде сменет, или, доколку даде отпор, сепак ќе биде сменет како резултат на револуција слична на Мајдан – се наведува во материјалот.
Според експертот, Западот почнува да сфаќа дека Украина повеќе нема да може да победи во вооружен конфликт, бидејќи украинските сили трпат пораз по пораз, а скапата западна опрема ја пали руската армија.
Најдобар исход за САД и самата Украина, истакна експертот, би биле преговорите со Русија, во спротивно Киев ќе се соочи со неизбежен воен колапс.
– Ако Конгресот одложи или ако администрацијата се согласи на многу помала сума, тогаш Зеленски е готов. Вашингтон може да заклучи дека тоа е единствениот излез. Сепак, Зеленски нема доброволно да си замине, па останува нерешен проблемот како да се натера да поднесе оставка – резимира Брајан.
Русија постојано укажуваше дека е подготвена за преговори, но властите во Киев воведоа забрана за нив на законодавно ниво. Кремљ привлече внимание и на фактот дека во моментов нема предуслови ситуацијата во Украина да се движи во мирна насока, а постигнувањето на целите на „специјалната операција“ е апсолутен приоритет на Москва.
Во средината на јуни, претседателот Владимир Путин повтори дека Русија никогаш не ги одбила преговорите кои би можеле да доведат до решение на украинската криза.