More

    Ако стане премиер Борисов ќе побара средба со Мицкоски

    spot_img

    Бугарскиот претседател Румен Радев и Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ и победник на последните избори во Бугарија, реагираа на изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека не прифаќа уставни измени под бугарски диктат.

    Како што објавија бугарските медиуми, Борисов е дециден дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат. Според него, договорите, без разлика дали се добри или лоши, „особено меѓународните кои се вткаени во преговарачката рамка на ЕУ, треба да се почитуваат“.

    – Какви било толкувања не се добри за колегите од Северна Македонија. Без нашата и поддршката на Грција, РСМ нема шанси за ЕУ. Сега треба да бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, можат и да не сметаат на неа – рече Борисов и додаде дека доколку формира влада и стане старо-нов бугарски премиер, ќе иницира средба со Мицкоски.

    Пред две недели, новиот македонски премиер одговараше на новинарско прашање дали во победникот на бугарските избори, ГЕРБ и Борисов гледа разумен политичар со кого би имале разговори за Договорот за пријателство и добрососедство. Мицкоски истакна дека државничките позиции се отежнати, но е убеден дека ќе преовлада разумот и ќе разговараат за иднината, а не за минатото.

    – Како ВМРО-ДПМНЕ, ултиматуми и диктати не прифаќаме. Грешката на сѐ уште актуелната влада ги наруши преговарачките позиции, како и лековерноста на одреден дел политичари. Имаме разумен предлог како партија и се надевам ќе наидеме на разбирање и дека ќе го откочиме патот. Јас сум убеден дека Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство – рече Мицкоски.

    Радев оцени дека „маските паднаа“.

    – Но денес конечно маските падна кај нашиот сосед и јасно се покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа земја е да се препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ. Ова е политика насочена директно против европските принципи и донесени одлуки со консензус на сите земји-членки против меѓународните обврски преземени од РСМ, но особено против сопствените граѓани, кои јасно ги декларираа своите амбиции за европски развој на земјата. Очекувам итни конкретни дејствија и од бугарската влада и од европските институции за почитување на европските принципи и норми во процесот на проширување, за гарантирање на неповратност и одржливост во афирмацијата на принципите на демократијата и главните критериуми во почитувањето на човековите права. Ако ЕУ не се заложи за европската перспектива на Балканот, врз основа на јасни принципи, норми и вредности, тогаш порано или подоцна Балканот ќе ја соочи Европа со балканизација – рече Радев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img