Ако се обидувате да се ослободите од салото од стомакот, избегнувајте ги овие пет работи!

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вишокот масни наслаги на стомакот се најчестиот проблем кај дебелите луѓе. Иако и мажите и жените се борат со овој проблем, мажите се повеќе склони кон него. Имено, кај жените мастите најчесто се таложат во колковите, додека кај мажите речиси секогаш тоа е стомакот. Треба да се напомене дека типот на масни наслаги во стомакот е поопасен од оној кој се наоѓа во другите делови од телото бидејќи го зголемува ризикот од проблеми со срцето.

Особено е проблематично што согорувањето на маснотиите од оваа област не е воопшто лесно. А за да го направиме решавањето на овој проблем уште поголем предизвик, ви пренесуваме пет вообичаени грешки што луѓето ги прават додека се обидуваат да ги изгубат салото од стомакот.

Целно губење на тежината
Целното губење на тежината е мит. Не можете да изгубите тежина во одредена област одеднаш. Кога јадете и вежбате правилно, телото почнува да губи тежина од различни делови на телото и навистина не може да се контролира. Дури и ако изведувате вежби, насочени кон одредена област, мали се шансите прво да изгубите тежина од таа област.

Гладување
Гладувањето поради желбата за слабеење е најголемата грешка што ја прават луѓето кога се обидуваат да ослабат. Имено, тоа доведува до недостаток на хранливи материи и слабост, а може да биде причина и за таложење на опасните висцерални масти. Причината лежи во фактот што телото, кога не добива доволно хранливи материи потребни за функционирање, ги задржува мастите. Идеален начин е да јадете на време и во вистинска количина.

Лоши животни навики
Зголемувањето на тежината не е само резултат на прејадување или физичка неактивност. Пушењето, прекумерното внесување алкохол и лошите навики за спиење исто така играат важна улога во таложењето на масни наслаги на стомакот. Покрај тоа, треба да го земете предвид стресот што може да ги саботира вашите цели за слабеење.

За ефикасно и едноставно слабеење не е доволно да вежбате само еднаш дневно. Треба да останете активни во текот на денот. Колку сте поактивни, толку побрзо ќе влезете во форма. Дополнително, доколку седите на работа, внимавајте на држењето на телото. Стутканото држење може да доведе до таложење на сало на стомакот.

Недоволен внес на вода
За слабеење неопходен е доволен внес на вода во еден ден. Ако не пиете доволно вода во еден ден, може да завршите да јадете повеќе од вообичаено, а дополнителни калории може да се акумулираат во централниот дел. Конзумирањето доволно вода и други течности во текот на денот може да ви помогне да го ограничите дневниот внес на калории, пишува Тајмс оф Индија.

Share This Article